САД разочарани од најавеното повлекување на шпанските војници од КФОР

Соединетите држави се разочарани од одлуката на Шпанија да ги повлече своите војници од составот на КФОР на Косово, соопшти портпаролот на Стејт департментот Роберт Вуд. Тој прецизира дека НАТО сојузниците пред десет години се согласиле за неколку принципи, меѓу кој и оној за заедничко влегување и заедничко излегување од Косово. Шпанија има околу шестотини и дваесет војници во КФОР и, според официјален Мадрид, тие би требало да се вратат во земјата до крајот на август годинава.