Македонија - ЕУ регионална соработка

Во Охрид денеска се одржува средба на Заедничкиот консултативен комитет за региони на Европската Унија и Република Македонија, која ќе се однесува на регионалната соработка, употребата и примената на европските фондови и програми на локално и регионално ниво. Главни теми на состанокот се влијанието на локалните власти и користење на фондовите. Комитетот на региони на Европската Унија е тело во кое членуваат претставници на локалните власти на земјите, членки на Унијата, а Заедничкиот консултативен комитет е телото преку локалните власти од Република Македонија како земја кандидат ја остваруваат соработка со Комитетот на региони на ЕУ.