Скопје: Стечајците протестираа пред владата

Стечајните работници и оние кои се прогласени за технолошки вишок со нерешен статус денеска повторно протестираа пред Владата. По средбата со вицепремиерот Зоран Ставревски на која, како што изјавија, ништо не било решено тие најавија дека идната среда повторно ке протестираат. Стечајците регираат што не се опфатени со законот за материјално обезбедување на невработените со над 25 години работен стаж, донесен минатата година и со кој се опфатени лицата на кои им престанал работниот однос од 2000 та до 2004 та година.