Брисел: Шефовите на дипломатии на ЕУ расправаат за Западен Балкан

Министрите за надворешни работи на Европската Унија денеска во Брисел ќе расправаат за земјите од Западен Балкан. Ќе биде разгледана ситуацијата на Косово и работата на ЕУЛЕКС, соработката со Србија, барањето на Црна Гора да добие статус на земја кандидат за членство, и кандидатите за нов висок претставник во Босна и Херцеговина. Предвиден е и состанок на министрите со претатвници на Албанија.