Крушево: Поставување на камен темелник на спомен куќата на Тоше Проески

На Гумење во Крушево денеска ќе биде поставен камен темелник за спомен куќа на Тоше Проески. Во неа ќе бидат сместени сите значајни работи поврзани со животот и кариерата на големата македонска музичка ѕвезда која во октомври две илјади и седмата година загина на пат кон Загреб, во близина на Нова Градишка.