Атина: протестите на младите продолжуваат

Неколку стотици студенти денеска во Солун се судриле со полицијата на третиот ден од протестите до кои дојде откако пред два дена полицијата уби едно петнаесет годишно момче. Како што се додава, собирање на помали групи имало и во Атина. Токму во овие два града преку викендот имаше најжестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата при што биле повредени над триесет луѓе.