Њу Делхи: Индија побара Пакистан да ги испорача терористите осомничени за нападот во Бомбај

Индија побара од Пакистан да и ги испорача терористите, осомничени за минатонеделните напади во Мумбаи, соопштено е денеска во Њу Делхи. Индија бара пакистанските власти да и го предадат лидерот на екстремистичката група Лакшар е Таиба, Хафез Саид. Според најновиот биланс, во Мумбаи загинале сто осумдесет и осум лица, додека над триста и десет биле повредени.