Њу Делхи: Индискиот министер за внатрешни работи поднесе оставка

Индискиот министер за внатрешни работи Шиврај Патил поднесе оставка поради како што изјави морална одговорност за смртоносните теристички напади во Мумбаи во кои загинаа најмалку 174 лица, а околу 200 беа ранети. Тој беше остро критикуван поради тоа што неговите служби за разузнавање не ги предвиделе нападите. Во меѓувреме регионалните тензии растат, откако Индија соопшти дека нападите се поврзани со група во Пакистан, додека пак Пакистан ги отфрли ваквите обвинувања. Еден од терористите кој преживеал во моментот е испрашуван од индиските органи.