Москва: Руската Дума го поддржа предлогот за продолжување на претседателскиот мандат

Руската Дума денеска го поддржа предлогот за уставни измени со кои се продолжува претседателскиот мандат од четири на шест години. Промената нема да се однесува на сегашниот шеф на државата Дмитриј Медведев кој всушност ја предложи промената на времетрањето на мандатот на претседателот.