Брисел: Во вторник средба на преговарачите со Нимиц, соопшти Црвенковски

Медијаторот Нимиц во вторник ке се сретне со преговарачите Димитров, Протегер и Василакис во Њујорк - соопшти денеска претседателот Црвеснковски во Брисел по средбата со еврокомесарот за проширување Оли Рен. Целта како што објасни Црвенковски е двете страни да ги изнесат своите забелешки за последниот предлог на маедијаторот:

„И врз основа на таквите забелешки претпоставувам дека е можно да се пристапи, од страна на амбасадорот Нимиц, кон натамошно конкретизирање на предлогот, не можам да бидам сигурен, меѓутоа е можно и кон финална верзија на предлогот.“

Црвенковски одбегна да презизира детали поради како што рече чусвтителна фаза во која се наогаат преговорите, но повтори дека Македонија е подготвена на фер компромис кој нема да задира во нациналниот и културниот иднетитет:

„Се надевам дека и од страна на Република Грција ќе се покаже истата конструктивност и флексибилност како што ја има Република Македонија во овој процес.“

На новинарско прашање тој одби да одговори за разликите со премирот наведувајки дека тоа е внатрешно прашање за кое не сака да зборува надвор од земјата. Инаку по понеделничката координација на државниот врв на која на виделина излегоа несогласувањата позицијата на Македонија останува нејасна. ВМРО ДПМНЕ вчера соопшти дека тие стојат на двојната формула како фер решени.

Денеска по средбата еврокомесарот Рен зборувајки за критерумите кој Македонија треба да ги исполни за приближувањето до унија рече дека е важно да се реши и спорот со името со Грција истакнувајки дека тоа е билатерално прашање.