Околу 300 набљудувачи на Европската Унија денеска во Грузија ја започнаа својата мисија за надгледување на прекинот на огнот. Посматрачката мисија е дел од договорот што беше постигнат по августовскиот оружен конфликт меѓу Русија и Грузија. Претставници на руската армија вчера изјавија дека на посматрачите на Унијата нема да им биде дозволен пристап во тампон зоната околу Јужна Осетија. Од другс страна Русија треба да ги повлече своите сили кои се надвор од Јужна Осетија и Абхазија на Грузиска територија во рок од 10 дена по распоредувањето на посмтрачите.