Денеска во Грузија ќе почне распоредувањето на 300 набљудувачи на Европската Унија, кои треба да го надгледуваат прекинот на огнот во таа земја. Посматрачката мисија е дел од договорот што беше постигнат по августовскиот оружен конфликт меѓу Русија и Грузија. Претставници на руската армија вчера изјавија дека на ЕУ мониторите нема да им биде дозволен пристап во тампон зоната околу Јужна Осетија.