Москва: Почина писателот Александар Солжењицин

Светски познатиот руски писател Александар Солжењицин почина во осумдесет и деветата година од животот. Неговото семејство соопшти дека причина за смртта е срцев удар, пренесуваат руски медиуми. Солжењицин стана славен со своите дела во кои го критикуваше системот на Сталин. Поради тоа бил протеран, односно затворен во Сибир. Тој во илјада деветстотини и седумдесетата година ја доби Нобеловата награда за литература.