Приштина: Косовската влада очекува Србија да ја признае новата реалност на Косово

Косовската влада очекува дека идната влада на Србија ќе ја признае новата реалност на Косово и дека ќе ја потврди проеропската ориентација во пракса, изјави заменик косовскиот премиер Рам Манај. Тој додаде дека тоа би било во интерес на процесот на демократизација на Србија и стабилност на регионот.