Голема Речица: Полицијата го приведе Фарук Иљази за инцидентот во Раховец

Полицијата го приведе Фарук Иљази од Голема Речица поради основано сомнение дека учествувал во оружениот инцидент во село Раховец кога беше отворен оган врз возила на ДУИ. Од министерството за внатрешни работи соопштуваат дека службени лица ќе извршат информативен разгвор со Иљази за утврдување на фактите околу инцидентот, на мотивите за пукањето врз возилата на ДУИ, како и за евентуална инволвираност на други лица. Нападот врз возилото во кое се наоѓал лидерот на ДУИ, Али Ахмети го осудија и политичките и меѓународните претставници во земјава.За денеска ДУИ најавија голем протест на плоштадот во Тетово.