Вашингтон: Јадранската група во НАТО важна за стабилизација на Југоисточна Европа

Македонија, Албанија и Хрватска со членството во НАТО можат да имаат важна улога во стабилизацијата на Југоисточна Европа, се оценува во извештајот кој што неодамна е поднесен до американскиот Конгрес. Меѓутоа, нивното вклучување не може да се смета за стратегиско во воена смисла, бидејќи станува збор за мали земји со мали воени сили.