Приштина: КФОР денеска започнува воена вежба на северот од Косово

Денеска на северот од Косово, КФОР ќе започне воена вежба чија цел е вежба на меѓународните трупи во ,,доменот на распоредување на средствата и работни процедури“. Како што соопшти прес службата на КФОР, во текот на вежбата која ќе трае и утре, голем број оклопни возила и хеликоптери ќе бидат во движење во регионот на Зубин Поток. Во соопштението се додава дека вежбата е неопходна за да му се овозможи на КФОР да може да продолжи да се грижи за безбедноста во Косово.