Лондон: Министерот за одбрана Лазар Еленовски во посета на Британија

Делегација од Министерството за одбрана предводена од министерот Лазар Еленовски, во чиј состав е и началникот на Генералштабот на македонската Армија Мирослав Стојановски, денеска ќе отпатува во дводневна посета на Велика Британија. Во рамки на посетата тие ќе се сретнат и со британскиот министер за одбрана Дес Браун. Главна тема на разговорите ќе биде мисијата ИСАФ и учеството на АРМ во мисијата на НАТО во Авганистан, а од министерството за одбрана соопштуваат дека на средбите се очекува ,,Британија да ја потврди поддршката на напорите на Македонија во пресрет на самитот на НАТО во Букурешт.“