Вашингтон: САД упатија протест до Иран поради инцидентот со бродовите

Соединетите Држави упатија протестна нота до Иранската влада, по инцидентот во кој ирански бродови се судриле со американската морнарица во Хормуз. Портпролот на Стејт департментот Том Кејси соопшти дека протестната нота била испратена преку швајцарскиот амбасадор во Техеран кој има улога на посредник меѓу Иран и Соединетите Држави поради непостоење на дипломатски врски меѓу овие две земји.