Киев: Јушченко по втор пат ја предложи Тимошенко за премиер

Украинскиот Претседател Виктор Јушченко по втор пат ја предложи Јулија Тимошенко за премиер. Парламентот, кој вчера не успеа да ја одобри нејзината кандидатура денеска повторно ке заседава. Јушченко и Тимошенко беа сојузници во Портокаловата револуција во 2004, но подоцна се разидоа. По последните парламентарни избори повторно се решија да коалицираат за да формираат влада.