Министрите за одбрана на Европската Унија се единствени во ставот дека Унијата треба да го задржи военото присуство во Босна и Херцеговина толку долго колку што е неопходно. На нивниот вчерашен состанок било забележано дека зачувувањето на безбедноста на Западен Балкан е од исклучителна важност. Во операцијата „Алтеа“ во Босна во моментот се ангажирани околу две илјади и петстотини војници.