Вашингтон: Нуклеарното оружје на Иран може да предизвика трета светска војна

Американскиот претседател Џорџ Буш вчера на прес конференција во Белата Кука изјави дека нуклераното оружје на Иран би можело да предизвика трета светска војна бидејки како што рече иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад покажал желба да го уништи Израел. Официјален Техеран ги отфрла обвинувањата дека произведува нуклеарно оружје тврдејки дека нивната програма е за мировни цели.