Сиднеј: Средба Буш - Џинтао

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Сиднеј разговараше со кинескиот лидер Ху Џинтао. На заедничката прес конференција тие оценија дека имале отворен и пријателски дијалог иако за некои прашања имаат големи разлики. Буш изјави дека ја изразил загриженоста за состојбата со човековите права во Кина, како и за кинеските производи на американскиот пазар, кои не ги исполнуваат стандардите.