Техеран: Нема да се откажеме од нуклеарната програма, изјави Ахмадинеџад

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинџед изјави дека неговата земја никогаш нема да потклекне под меѓународниот притисок да ја прекине работата на својата нуклеарна програма. Во телевизиското обраќање Ахмадинеџад прецизира дека никаква натамошна резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации нема да да го спречат Техеран да развие нуклеарна технологија за мирновременски цели. Во Иран денеска се очекува да допатуваат межународни инспектори кои треба да ги посетат иранските нуклеарни постројки.