Кабул: Неизвесна судбината на 23 јужнокорејски заложници

Судбината на дваесетината државјани на Јужна Кореа кои како заложници ги држат талибанците во Авганистан, како што јавуваат агенциите, е неизвесна. Вчера тие убија еден од заложниците откако не било испочитувано нивното барање за ослободување на талибанците кои се наоѓаат во авганистанските затвори.