Непостои криза во македонската политика, изјави денеска американскиот амбасадор во Македонија Џилијан Миловановиќ. Сите партии се должни да придонесат да продолжи да функционира демократијата. Важно е да продолжат политичките дискусии меѓу партиите, пред се политичките дискусии почнати на 29 мај на Премиерот Груевски и Али Ахмети, истакна Миловановиќ. Таа потенцираше дека и вербалните договори се договори на кои треба да се работи.