Свети Николе: Методија Смиленски осуден на четири години затвор

Судот во Свети Николе го осуди Методија Смиленски на четири години затвор за оштета на имотот на фабриката ,,Снитекс“ и за фалсификување и уништување на деловни книги на фирмата ,,Картонекс„ додека бил претседател на акционерското собрание. Судскиот процес како што се јавува завршил експресно, а судијата ги одбил сите сведоци предложени од обвинителството и одбраната, која најави жалба. Освен за ова дело во тек е судкиот процес против Смиленски за случајот „Експорт-Импорт“ банка.