Скопје: ММФ во посета на Скопје

Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд се уште ги разгледува бројките за растот на бруто-домашниот производ во Македонија, но според првичните проценки сликата изгледа добро, изјави шефот на мисијата на ММФ Марк Грифитс кој денеска се среќава со министерот за финансии Трајко Славевски. Нашата проекција е дека растот на БДП за годинава ќе биде 4,5 проценти, очигледно се надеваме на нешто повисок процент, додаде Грифитс. Мисијата на ММФ е во посета на Скопје на разговори за третиот преглед на стенд-бај аранжманот.