Скопје: Објавени првичните резултати од пописот

Според првичните резултати од Пописот на земјоделството во Македонија вкупниот број на индивидуални земјоделски стопанства, изнесува 192.367, а бројот на деловни субјекти што вршат земјоделски активности изнесува 289. Најголем број индивидуални земјоделски стопанства има во општина Куманово, а потоа следи Прилеп. Од Заводот за статистика информираат дека земјоделството учествува со 10,8 отство во Бруто домашниот производ.