Урузган: Убиени 11 талибански бунтовници

11 талибански бунтовници се убиени во денешните судири што започнале откако од заседа била нападната американска и авганистанска патрола во провинцијата Урузган. Во источната провинција Кохт, при експлозија на бомба поставена на пат загинале шест авганистански полицајци, а во немирите на југот од Авганистан е загинал и еден војник на НАТО силите.