Скопје: Поранешен долг на Македонија кон Италија ќе биде заменет со грант

Македонија и Италија денеска потпишаа Договор за консолидација и отплата на долг на македонските претпријатија кои користеа кредити од италијанската држава преку банки од другите републики од поранешна Југославија во рамките на Парискиот клуб на кредитори. Со договорот Италија отпишува долг на Македонија во износ од 1,8 милиони долари кој, наместо отплаќање, се заменува со грант што ќе биде наменет за реализација на развојни проекти.