Багдад: Буш ги отфрли барањата на Конгресмените за повлекување од Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш ги отфрли барањата на некои конгресмени за повлекување на американските сили од Ирак. Буш изјави дека треба уште време за да се остврат целите и оти проценката за бројноста на американските трупи во Ирак ја носат командантите на теренот, а не политичарите во Вашингтон.