Собранието на РМ денеска ја продолжува расправата за Предлогот за измени на Законот за комуналните такси, откако вчера 45-та седница беше прекината поради старата болка- немањето кворум. Додека сеуште беа на работа, пратениците ги донесоа законите за изменување и дополнување на Законот за административни такси и на Законот за даноците на имот.