Вашингтон: Денеска средба Рајс - Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски кој од вчера престојува во посета на Соединетите Американски Држави денеска во Вашингтон ке се сретне со американкиот државен секретар Кондолиза Рајс. Главна тема на разговорите ке биде апликацијата за членство во НАТО, достигнувањата и она што е во план да се направи во следните неколку месеци. Покрај со Рајс во посетата на македонскиот министер предвидени се средби и со директорот за Југоисточна Европа во националниот совет за безбедност Берт Брaун, со советникот за нациoналната безбедност на претседателот Буш Стивен Хедли, со замeник државниот секретар за одбрана Гордон Енгланд и со конгресмени и сенатори.