Приштина: Посета на американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид

Американскиот помошник државен секретар Даниел Фрид, денеска ќе престојува во Приштина на разговори со косовското раководство. Се очекува да ги информира за американско – руските консултации во врска со статусот на Косово. Во меѓувреме, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров денеска повтори дека каква било резолуција за Косово, која нема да биде прифатлива и за Белград и за Приштина, нема да помине во Советот за Безбедност на Обединетите Нации.