Тирана: Албанскиот парламент бира нов претседател на државата

Албанскиот парламент денеска треба да избере нов претседател на државата. Гласањето во минатата недела беше откажано бидејки ниедна партија, вклучувајки ги и владејачката Демократска Партија и опозиционата Социјалистичка, не номинираа кандидати. Новиот претседател на Албанија треба да биде избран пред истекот на мандатот на актуелниот Алфред Мојсиу на 24-ти јули, во спротивно би можело да дојде до превремени парламентарни избори.