Приштина: Еден украински мировник загинал, тројца повредени во сообраќајна несреќа

Еден украински мировник загинал, а тројца други биле повредени во денешната сообраќајна несреќа на Косово, соопштено е во Киев. Украинското министерство за одбрана прецизира дека несреќата не била поврзана, со како што се наведува, воени активности.