Њујорк: Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг ја напушти Републиканската Партија

Градоначалникот на Њујорк Мајкл Блумберг ја напушти Републиканската партија на претседателот Џорџ Буш и сега се декларира како независен политичар. Милионерот Блумберг кој е сопственик на финансиска медиумска компанија ги демантира наводите дека ваквиот потег го повлекол за да може како независен кандидат да влезе во трката за Белата Куќа во идната година. Блумберг пред да стане републиканец беше член на Демократската партија, но ја напушти во две илјади и првата година кога се кандидира за градоначалник на Њујорк.