Либија: Врховниот суд ќе пресуди за петте бугарски медицински сестри

Врховниот суд на Либија денеска треба да донесе конечна пресуда за петте бугарски медицински сестри и еден палестински доктор кои се осудени на смртна казна, бидејќи намерно инфицирале со вирусот на сида стотици либијски деца во една болница во Бегази. Тие се во затвор осум години и го отфрлаат обвинувањето. Бугарија му даде државјанство на палестинскиот доктор со цел тој да може да биде екстрадиран во Бугарија во случај на ослободителна пресуда на Врховниот суд.