Пјонгјанг: Северна Кореа упати покана од инспекторите од ОН за ,,гаснење,, на нуклерниот реактор

Северна Кореа упати покана до инспекторите од Меѓународната агенција за атомска енергија на ОН на разговори околу процедурата за ,,гасење,, на главниот нуклеарен реактор во земјата Јонгбон. Белата Куќа го поздрави овој чекор на Северна Кореа. Инаку, поканата доаѓа во време на ,,завршната фаза,, од одмрзнувањето на средствата на Северна Кореа од една банка во Макао, како дел од договорот за решавање на кризата со нуклерната програма на Пјонгјанг.