Газа: Продолжуваат борбите меѓу Хамас и Фатах

Во Појасот Газа продолжуваат борбите меѓу двете палестински фракции Хамас и Фатах кои избувнаа во саботата и во кои досега загинаа над седумдесет луѓе. Поголемиот дел од Појасот Газа, како што јавуваат агенциите, е под контрола на приврзаниците на Хамас. Претседателот на палестинската власт Махмуд Абас од Фатах и премиерот Исмаил Ханија од Хамас заеднички повикаа за запирање на борбите.