Џакарта: Индонезиската полиција го уапсила најбараниот терорист во земјата

Индонезиската полиција го уапсила најбараниот терорист во таа земја. Станува збор за Абу Дуџана, лидер на јужноазиската екстремистичка организација Џема Исламија која се товари за повеќе бомбашки напади врз западни цели во изминативе неколку години.