Приштина: Конкурс за знаме и грб на Косово

Во Приштина е објавен конкурс за знаме и грб на, како што се наведува, Република Косово. На конкурсот објавен на косовската радио телевизија се наведува дека идните симболи не треба да имаат сличности со друга држава, да не биде користен симболот орел кој го претставува грбот на Албанија и да не бидат само со црвено црна или црвено сино бела боја.