Софија: Џоррџ Буш денеска во посета на Бугарија

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска престојува во официјална посета на Софија. Како што е најавено тој денеска ќе оствари средба со неговиот бугарски колега Георги Прванов и со премиерот Сергеј Станишев. Пристигнувањето на Буш во Бугарија беше организирано под зајакнати мерки за безбедност. Со посетата во Бугарија Буш ја завршува европската турнеја.