Росток: Средба Меркел – Буш пред почетокот на самитот на Г-8

Американскиот претседател Џорџ Буш, пред почетокот на самитот на групата 8 индустриски најразвиени земји во светот, ќе има средба со домаќинот, германскиот канцелар Ангела Меркел. Една од главните теми на разговорите ќе бидат климатските промени, за чие решавање двете страни имаат различни позиции.