Американските власти обвинија четири лица за поврзаност во подготвување на терористички напад на аеродромот во Њујорк ,,Џон Кенеди,,. Тројца од осомничените се уапсени, а четвртиот е во бегство. Еден од уапсените бил поранешен работник на аеродромот и поранешен член на парламентот на Гвајана, а останатите двајца уапсени биле од Тринидад. Како што се соопштува тие планирале да постават експлозив на системот за снабдување на аеродромот со гориво. Според американските претставници групата не е поврзана со Ал Каеда, но наводно барале подршка од радикална муслиманска група од Тринидад.