Москва: Андреј Луговој ги обвини британските служби за убиството на Литвиненко

Андреј Луговој, обвинет од Велика Британија за убиство на поранешниот руски разузнавач Алаксандар Литвиненко, на денешната прес конференција во Москва изјави дека британските служби се одговорни за смртта на Литвиненко и оти се обиделе и него да го врбуваат да доставува доверливи информации за рускиот претседател Владимир Путин. Луговој изјави и дека Литвиненко бил британски шпион, но оти тој не бил вмешан во неговото труење со радиоактивен плутониум. Велика Британија бара екстрадикција на Луговој.