Киев: Почна расправата за пакетот закони кои ќе овозможат предвремени избори

Украинскиот парламент денеска ја почнува расправата во врска со пакетот закони со кои ќе се овозможи на триесети септември во земјата да се одржат предвремени избори. Претседателот Јушченко и премиерот Јанукович се согласија на овој термин за изборите во обид да ги намалат тензиите меѓу двете страни.