Кабул: Во експлозија на бомба поставена на пат загинаа шест авганистански полицајци

При експлозија на бомба поставена на пат загинале шест авганистански полицајци како и локалниот шеф на авганистанската провинција Пактика. Локалните власти за нападот ги обвинија талибанските бунтовници. Во меѓувреме, официјални претставници соопштија дека авганистанските и американските сили убиле 18 бунтовници во судирите во јужен Авганистан.