Либан: Илјадници Палестинци го напуштаат бегалскиот камп во северен Либан

Илјадници Палестинци го напуштаат бегалскиот камп Нахр ал Баред во северен Либан за време на кревкото примирје што настапи по тридневните жестоки борби меѓу либанската армија и припадници на Фатах ал Ислам. Во кампот живеат над 30 илјади палестински бегалци, а нивниот егзодус доаѓа по едностраниот прекин на огнот, прогласен од исламистичата група. Во борбите досега загинале над 80 лица.